Штипјани во вторник продолжуваат во Европа: Гостување кај италијанскиот гигант!

123
фото: CEV.eu

Одбојкарите на Штип УГД заминуваат за Италија, каде во вторник ќе го одиграат и реванш натпреварот од 1/16-финалето на Челинџ Купот против италијанскиот тим Алианц Милано. По поразот од 0:3 на домашен терен, штипјани се свесни дека против силниот италијански прволигаш немаат големи шанси, но заминуваат со надеж дека е одиграат многу подобар меч отколку оној во Радовиш.

Штип УГД е последниот македонски тим кој остана на европската клупска сцена, па сега треба да го даде максимумот за да покаже дека не случајно оваа сеозна успеа да мине едно коло во ова натпреварување и да дојде до силен двомеч со екипа од најсилното европско национално првенство.

Средбата во Милано во вторник е закажана во 17:30 часот во салата Центро Павези. Судии на средбата ќе бидат Борислав Јорданов од Бугарија и Франсоа Тројон од Швајцарија.

ПретходноМароко со “минималец“ против Танзанија за пласман во 1/4 финалето на КАН!
СледноЈагуриновски отпадна од списокот на Лазаров за настап на ЕП