Елмас и Наполи во победничка серија (ВИДЕО)

200

Тимот на Наполи со нашиот Елиф Елмас во стартниот состав, предмалку на гостувањето кај Лацио во Рим извојува екстра важна победа од 0:2, и на тој начин си го задржа местото на самиот врв на табелата.

Гостите на овој меч одлично ја завршија задачата со два рано постигнати голови. Спинацола во 13. минута донесе 0:1, за да Рахмани во 32. минута направи да биде 0:2.

По тоа домаќинот не се снајде најдобро. Стигна само да остане без два играчи откако Нослин беше исклучен во 81. минута, а потоа и Марушиќ заедно со гостинскиот Мазоки во 88. минута.

Наполи е втор со 37. поени, додека Лацио е деветти со 24.

https://streamain.com/en/pNsLD1FTi9O38pc/watch

 

ПретходноАморим одби да го појасни мистериозниот коментар за трансферите
СледноАрсенал на Артета ги надмина „Непобедливите“: Што треба да се случи за овој тим да не ја освои титулата?