Кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија, забележа победа во првиот пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора.
Натпреварот се одигра во СЦ „Јане Сандански“, а нашите млади ракометари доминираа и славеа со убедливи 36:21.
Реванш-натпреварот против истата селекција е закажан за утре со почеток во 12:00 часот, повторно во Скопје, каде кадетите ќе имаат уште една можност да ја покажат својата форма и квалитет.










