Момчето со потекло од Косово доминира во НБА-лига (ВИДЕО)

1278

Дени Авдија го предводеше својот тим Портланд до победа против Сан Антонио (115:110).

Кошаркарот по потекло од Косово беше најдобар актер на натпреварот, имаше трипл-дабл од 29 поени, 11 скока, 10 асистенции. На три минути до крајот, Спарс се приближија на „-2“ (105:103), а потоа Дени ја зеде топката, постигна шест поени, со асистенција и го реши натпреварот. Така си подари подарок за 25. роденден.

Торонто покажа дека не е случајно што се на врвот на Источната конференција. Славеше против Атланта (134:117) со фантастична игра во последната четвртина (27:11). Барет (29 поени) и Брендон Инграм (29 поени) беа лидери.

Резултати:

Мајами – Минесота 115:125
Њујорк – Филаделфија 119:130
Торонто – Атланта 134:117
Чикаго – Шарлот 99:112
Сан Антонио – Портланд 110:115
Далас – Хјустон 110:104
Голден Стејт – Јута 123:114
ЛА Клиперс – Бостон 115:146

ПретходноЧаби Алонсо: “Задоволен сум од играчкиот кадар, но мораме да бидеме будни на трансфер – пазарот!“
СледноШто го чека некогашниот гигант во 2026: Ќе се спаси ли Работнички од срамно испаѓање?!