И повторно. Она што беше една од топ-вестите во летниот преоден рок, се чини дека ќе биде и овој јануари. Имено како што пренесува шпански „АС“, Родриго и официјално го информирал Реал Мадрид дека сака да си оди. На Бразилецот и дефинитивно му е јасно дека силната конкуренција во нападот на Реал Мадрид, а се споменува дека Винисиус се договорил со “кралецвите“ да остане, и затоа ќе мора да си бара друга средина.
Секако дека по ваквиот развој на настаните најмалку три премиерлигаши се на готовс. Познато е дека Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул и тоа како го посакуваа Родриго во своите редови, но сега се чини дека тој интерес опаѓа ако се знае дека, освен во Ливерпул по повредата на Исак, ќе нема место за Бразилецот во првите единаесет.
Секако дека за ова се прашува и Реал Мадрид ако се знае дека минатото лето “кралевите“ бараа 100 милиони евра за него.










