“Четири скокалници“: Јапонецот Никаидо победник во Инсбрук, Превц на второто место!

319
ФОТО: FIS Ski Jumping/FB

Рен Никаидо од Јапонија е победник во Инсбрук на новогодинешната турнеја “Четири скокалници“. По победите на Домен Превц во Оберздорф и Гармиш – Партенкирхен, денеска најдобар беше Никаидо со скокови од 131 и 128 метри и со вкупно 276,5 поени успеа да триумфира. На второто место се најде токму Словенецот Домен Превц, водечкиот во генералниот пласман на оваа турнеја, кој имаше само 0,5 поени помалку од Никаидо.

Сепак Превц може да биде задоволен ако се знае дека скокна 129 и 128 метри.

На подиумот, како трет се најде и Австриецот Штефан Ембахер со 275.8 поени.

Турнејата „Четири скокалници“ завршува во австрискиот Бишофсхофен во вторник. Вистинско чудо треба да се случи за да Словенецот Домен Превц не го освои трофејот, да потсетиме дека пред една деценија неговиот брат, Петер Превц, беше победник.

ПретходноЛидс му „откина“ бод на Манчестер Јунајтед
СледноКостески: Мора да бидеме храбри, дисциплинирани и фокусирани!