Томи Јагуриновски нема да биде дел од македонската ракометна репрезентација која ќе патува на Европското првенство. Тој е првиот играч кој отпадна од составот на Македонија.
Десниот бек веќе е назад во ГРК Охрид со кого ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната. Засега Лазаров има 19 ракометари во тимот, па во наредните два-три дена ќе се знае и точниот список на патници на континенталниот собир.
Македонија продолжува во Скопје со подготовките за шампионатот, а за неколку дена заминува за Швајцарија кад еќе одигра три подготвителни натпревари.










