Уште една добра партија на нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски за својот Тренто. Вечерва во меч од 14.коло, неговиот тим во еден драматичен финиш успеа на свој терен да слави против составот на Трст со 89:87. Македонецот овој меч го заврши со 12 поени, 4 скокови и една асистенција а во игра беше 30 минути и беше еден од најдобрите поединци на оваа средба.
Инаку ова беше шеста победа на Јакимовски и неговите соиграчи во Лега А со која сега се наоѓаат на 9.позиција на табелата.










