Денеска отпуштениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека не планира да се врати на работа оваа сезона.
Според португалските медиуми, Аморим не сака да започне со работа на нов проект барем до јуни.
Рубен им кажал на блиските дека сака да земе малку одмор во наредните месеци и внимателно да размисли за следниот чекор во својата кариера. Неговите планови би се промениле само ако добие „понуда што не може да ја одбие“.










