И дефинитивно Арсенал не се шегува. Микел Артета и неговите избраници сакаат титула во ПЛ по цели 22 години, а сакаат и титула во ЛП за првпат во клупската историја. Токму затоа посакуваат и адекватни засилувања за уште посилен Арсенал.
Имено, според шпанските медиуми, Арсенал ја испратил првата официјална понуда до Реал Мадрид за Родриго.
„Топџиите“ се тим кој го следи Родриго веќе некое време и го сметаат за еден од најдобрите играчи во светот на неговата позиција. Артета верува дека овој играч е потценет во Реал Мадрид, додека Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор се во фокусот на Чаби Алонсо.
Арсенал го контактирал Родриго минатото лето, но не успеале да го убедат да го напушти “Бернабеу“. Сепак, тие сакаат да го комплетираат овој голем трансфер веќе овој јануари. Сепак, Арсенал не е единствениот клуб кој испратил понуда за Родриго, бидејќи според шпанскиот „Фичахес“, истото го направиле и челниците на Ал Хилал.
Имено, челниците на тимот од Саудиска Арабија испратиле понуда на адресата на Реал Мадрид вредна 60 милиони евра, а истата понуда ја испратиле и од „Емирати“.










