Баерн Минхен и официјално го претстави Ненад Димитријевиќ

406

Македонскиот кошаркарски репрезентативец и интернационалец, Ненад Димитријевиќ и официјално е претставен како нов играч на екипата на Баерн Минхен.
По престојот во Зенит Санкт Петербург и раскинот на договор кој што Димитријевиќ го доби пред некој ден, сега 27. годишниот кошаркар и официјално се сели во Баварија.

Тимот на Баерн предмалку се пофали со својата нова аквизиција, претставувајќи го Димитријевиќ како поливалентен бек шутер, кој што има значајно европско искуство во екипите на Олимпија Милано и Зенит, и кој што практично е замената за штотуку одтаму заминатиот Спенсер Динвиди.

„Со Нено секако дека го засилуваме постоечкиот ростер, кој што е погоден од доста повреди. Особено на неговата позиција. Тој има одлично портфолио со искуство на играње во Шпанија, Италија, и ни носи искуство на бековската позиција кое што ни е неопходно“ – изјави Драган Тарлаќ, спортскиот директор на Баерн.

ПретходноМарко Симоновски и официјално во Еносис Паралимни
СледноЕдна ноќ во вилата на Новак Ѓоковиќ ќе ве чини 15.000 евра!