Гвардиол ја скрши ногата, „виси“ настапот и на Светското првенство

1039
фото: City Chief @City_Chief (X)

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол, ја скрши ногата на натпреварот против Челзи. Хрватот беше заменет во 51-та минута од натпреварот од 20-тото коло на Премиер лигата (1:1).

Денес, од Сити објавија дека Гвардиол има фрактура на тибијата на десната нога. Дефанзивецот ќе биде опериран оваа недела.

Временскиот период за закрепнување на Јошко е нејасен. Типично, закрепнувањето од вакви повреди трае помеѓу 3 и 6 месеци, во зависност од сериозноста на повредата.

ПретходноАморим на одмор до јуни, потоа ќе бара нов клуб
СледноЕндрик: Ова беа најдобрите шест месеци во мојот живот… градев куќа!?