Готово е: Кансело се врати во Барселона

319
фото: Florian Plettenberg (X)

Португалскиот дефанзивец Жоао Кансело се враќа во Барселона.

Каталонскиот клуб ќе го позајми 31-годишниот фудбалер од Ал-Хилал до крајот на сезоната за 4 милиони евра, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Според „Мундо Депортиво“, Барселона ќе плати само дел од платата на Португалецот – 5 милиони евра. Кансело ќе биде регистриран како замена за повредениот Андреас Кристенсен, кој ќе отсуствува најмалку четири месеци.

ПретходноФратези му рекол „ДА“ на Галатасарај
СледноФердинанд предложи четири кандидати за нов менаџер на Манчестер Јунајтед