Димитар Тодоровски дел од Вардар до 2028 година

222

Некогашниот македонски младински репрезентативец, а сега стандарден првотимец на есенскиот шампион Вардар, Димитар Тодоровски денеска и официјално потпиша нов договор со клубот.

Неговата актуелна соработка завршуваше на лето, но ФК Вардар одлучи дека Тодоровски е важен дел од оваа шампионска генерација на тимот, и дека мора да биде задржан што подолго.

Офанзивецот стави параф на нов договор кој што го обврзува до 2028 година. Тој е дете на Работнички, а имаше и мини епизода во тимот на Брера.

 

ПретходноМарко Симоновски и Демир Имери на пат за Кипар
СледноШкендија е посилна за Дрилон Ислами (ВИДЕО)