Димитријевиќ: Сакав да се вратам во Евролига! А кога ќе ве повика Светислав Пешиќ…

657

Ненад Димитријевиќ и официјално е промовиран во дресот на Баерн. Македонскиот репрезентативец и во германскиот тим ќе го носи бројот „0“.

Нашиот кошаркар ја даде првата изјава, откри дека неговата желба да се врати во Евролигата била клучна за новата соработка.

„Минхен е одлична и многу почитувана организација, а кога тренерот Пешиќ ве повикува, тоа е голема чест. Навистина сакав да се вратам во Евролигата и сакам да помогнам да се добијат што е можно повеќе натпревари веднаш. Тимот сака да ја освои лигата, купот и да се бори за место во плејофот во Евролигата до последниот натпревар. Ќе ја вложам целата моја енергија и борбен дух за да имаме шанса да победиме на секој натпревар“, изјави најдобриот македонски кошаркар. 

ПретходноПремија од два милиони денари за секоја победа на ракометарите на ЕП
СледноТрансфери: И Барса се интересира за Шлотербек, Јуве тргнува по Довбик, Челзи го посакува Роџерс…