Марко Симоновски и Демир Имери на пат за Кипар

209
ФОТО: KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi 1947/FB

Искусните напаѓачи, Марко Симоновски односно Демир Имери, кои што последно играа за екипите на Башкими односно Работнички најверојатно заминуваат за Кипар, каде што ќе станат дел од тимот на Еносис Паралимни. Стратег на оваа екипа е нашито Бојан Марковски кој што во Симоновски и Имери очигледно гледа решение за напаѓачкото прашање.

Симоновски имаше солидна есен во Куманово, Демири како и целиот Работнички во изминатата полусезона се мачеше.

И обајцата, особено Симоновски има огромно интернационално искуство, па адаптација на Кипар многу веројатно нема да биде ниту потребна.

 

ПретходноЈунајтед на Аморим беше најлошиот Јунајтед во поновата историја!
СледноДимитар Тодоровски дел од Вардар до 2028 година