Младинскиот репрезентативец Давор Серафимов е нов играч на Охрид

131

Македонскиот младински репрезентативец Давор Серафимов е нов играч на есенскиот првак во ВМФЛ конкуренцијата, тимот на Охрид.

Некогашниот младинец на Вардар, а потоа и играч на Шкупи, се сели во Охрид во насока на што посилен тим за пролетната полусезона. И секако остварување на примарната цел, а тоа е пласман во прволигашката конкуренција.

Серафимов во природа игра на бековските позиции, но може да одговори и на оние од стоперските по потреба.

ПретходноШкендија е посилна за Дрилон Ислами (ВИДЕО)
СледноТриглав Осигурување Живот АД Скопје е нов партнер на македонскиот ракомет