„Не заостанувам многу зад Синер и Алкараз“

136

Иако претходната сезона ја заврши на третото место на АТП ранг-листата со само една освоена титула, Зверев верува дека разликата меѓу него и водечкото дуо, Јаник Синер и Карлос Алкараз, не е толку голема како што се прикажува.

Зверев нагласи дека критиките во неговата татковина биле премногу остри, со оглед на здравствените тешкотии со кои се соочил во текот на годината. Германецот рече дека негов приоритет е брзо да се врати во препознатливата форма за повторно да биде рамноправен конкурент за најголемите трофеи.

„Во Германија, моите резултати во 2025 година беа претставени многу понегативно и разочарувачки отколку што всушност беа. Гледајќи наназад, горд сум што завршив трет во светот и покрај сите физички проблеми со кои се соочив. Тоа не беше патот за кој сонував, бидејќи ми беше невозможно да освојам големи титули, но чувствувам дека не сум далеку зад Карлос и Јаник. Само треба што поскоро да се вратам на моето најдобро ниво“, рече Зверев во врска со неговите амбиции и споредбите со Синер и Алкараз.

И покрај фактот дека Алкараз и Синер во моментов се сметаат за „недопирливи“, третиот тенисер во светот верува дека со соодветна физичка подготовка и континуитет, многу брзо може да им парира на теренот.

Иако, реално, Германецот со руско потекло треба да биде повеќе загрижен што третото место на светската ранг-листа не го зазема Новак Ѓоковиќ, кој му дише во врат.

ПретходноСалах и Египет низ продолженија до четвртфинале
СледноИздржа точно 33 дена: Селтик му врачи отказ на Нанси и, пак, го врати Мартин О’Нил