Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ги посети македонските ракометари и им посака успешен настап на претстојното Европско првенство што ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари во Данска, Шведска и Норвешка.
Владата преку Министерството за спорт и во соработка со Ракометната федерација на Македонија обезбеди финансиска премија за македонската репрезентација од 2 милиони денари за секоја победа и уште 2 милиони денари за пласман во втората фаза на ЕП 2026.










