Светски шампион и олимпијец пронајден мртов

    496
    Фото:instagram.com/247sport365

    Унгарскиот олимпиец и светски шампион во кајакарство Миклош Дудас (34) беше пронајден мртов во понеделник наутро во неговиот стан во Будимпешта.

    Според локалната полиција, истрагата е во тек, а според досегашните информации нема сомнение за кривично дело или насилна смрт.

    Полицијата била повикана од близок роднина, а станот на вториот кат го отворил бравар. Полициската управа на Будимпешта (BRFK) потврди дека телото е пронајдено околу 11:22 часот наутро, и дека околностите на смртта се истражуваат како дел од административна постапка со вклучување на експерти.

    Портпаролот на полицијата изјави дека во моментов нема индикации за вмешаност на трета страна, објавува Index.hu.

    Габор Шмит, претседател на Унгарската кајакарска федерација, и Золтан Камерер, трикратен олимписки шампион, исто така се огласија за смртта на Дудас, изразувајќи шок и сочувство до семејството.

    Дудас се сметаше за еден од најталентираните кајакари на својата генерација. Тој се натпреваруваше на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, беше вицешампион на Европа во 2013 година, а истата година освои злато на Светското првенство во Москва.
    Неговата кариера беше обележана и со 34-месечна суспензија поради допинг, по што се повлече од спортот во 2021 година.

    Пред речиси една година, тој го загуби својот татко, Иштван Дудас, а во своите последни изјави рече дека повторно се поврзал со својата партнерка, Ивет Сиглигети, и дека се обидува да го стабилизира својот живот.

    ПретходноЃоковиќ го откажа турнирот во Австралија: Разочаран сум!
    СледноШкендија и Струга ТЛ ги „запалија моторите“, главната база ќе биде Анталија