Сега е веќе и официјално. Имено пред неколку минути се огласи и Манчестер Јунајтед. Во соопштението од страна на клубот се вели дека Рубен Аморим не веќе нивни тренер:
“Рубен Аморим ја напушти функцијата главен тренер на Манчестер Јунајтед.Рубен беше назначен во ноември 2024 година и го водеше тимот до финалето на УЕФА Лигата на Европа во Билбао во мај.
Со оглед на тоа што Манчестер Јунајтед е шести во Премиер лигата, раководството на клубот неволно донесе одлука дека е вистинско време за промена. Ова ќе му даде на тимот најдобра можност за највисок можен пласман во Премиер лигата. Клубот сака да му се заблагодари на Рубен за неговиот придонес во клубот и му посакува се најдобро во иднина.
Дарен Флечер ќе го преземе тимот против Барнли во среда“ се вели во соопштението на клубот од “Олд Трафорд“.










