Шкендија е посилна за Дрилон Ислами (ВИДЕО)

285

Некогашниот младински репрезентативец на Косово до 21. година, Дрилон Ислами е првото засилување за македонскиот шампион Шкендија оваа зима.

Тимот од Тетово предмалку го претстави играчот за врска како свој новитет. Ислами досега беше дел од екипата на Клуж во Романија, што беше негово прво интернационално искуство.

Претходно во домашниот шампионат на Косово, има настапувано за екипите на Феризај, Дрита и Приштина.

Ислами секако дека уште повеќе ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот, кој што на пролет како и есеноска ќе настапува на два фронта. Домашниот шампионат, каде што треба да се одбрани титулата од минатата сезона, како и во елиминационата фаза од Лигата на Конференции.

ПретходноДимитар Тодоровски дел од Вардар до 2028 година
СледноМладинскиот репрезентативец Давор Серафимов е нов играч на Охрид