Шкендија и Струга ТЛ ги „запалија моторите“, главната база ќе биде Анталија

320

Екипите на Шкендија и Струга Трим Лум први ја стартуваа со подготовките за пролетната полусезона.

Тетовските црвено-црни кои се натпреваруваат на три фронта, домашното првенство, Купот и за прв пат во историјата и во европската пролет, по квалификациите за плејофот на УЕФА Конференциската лига, во периодот од 17 јануари до 1 февруари ќе бидат во Анталија. Тука покрај физичката и техничко-тактичката работа, планирани се и четири контролни натпревари, противниците засега не се откриени.

Пролетната полусезона е закажана да започне на 11 февруари, кога во Тетово ќе се соочат со Струга Трим и Лум, тимот кој исто така денеска се собра.

Струга Трим Лум ќе ја одржи првата фаза од подготовките во Струга, каде што ќе останеме до 17 јануари. Во овој период, екипата планира да одржи уште два контролни натпревари, додека наутро на 17 јануари, екипата ќе лета за Анталија во Турција. Тимот има испланирано и неколку контролни натпревари во Турција со странски противници, враќањето е предвидено за 31 јануари.

ПретходноСветски шампион и олимпијец пронајден мртов
СледноРакометар кој од следната сезона ќе игра во Вардар се повреди – нема да игра на ЕП!