Сега веќе е јасно. Толку беше од Рубен Аморим. Пречекан со големи соништа, ама ништо од тоа. И дефинитивно се покажа дека Португалецот не е ниво на тренер кој би дигнал заспаниот џин од “Олд Трафорд“.
Секако дека е точен заклучокот дека овој Јунајтед на Аморим е убедливо најлошиот Јунајтед во поновата историја.
Еве зошто:Аморим го напушта „Олд Трафорд“ по 14 месеци на функцијата, во кои оствари само 24 победи во 63 натпревари, со 18 нерешени резултати и 21 пораз. Неговиот процент на победи е 38,1%, што го прави најлошиот менаџер на Манчестер Јунајтед од Френк О’Фарел, кој беше отпуштен во 1971 година.
За време на ерата на Аморим, Јунајтед:
-заврши на 15-то место во Премиер лигата минатата сезона
-го загуби финалето на Лигата на Европа од Тотенхем
-запиша 15 последователни гостувања без примен гол, што е најлошата серија во историјата на клубот. Иако резултатите оваа сезона понекогаш беа постабилни, Аморим никогаш не успеа да ги реши проблемите со одбраната на тимот. Честопати беше критикуван за неговото тврдоглаво инсистирање на системот 3-4-3, за кој самиот призна дека не може да функционира без огромни финансиски инвестиции.
Јунајтед успеа да има врзани победи само еднаш под негово водство, и тоа во октомври, кога беше постигната серија од три триумфи. Според достапните информации, поранешниот играч од средниот ред и сегашен член на клупскиот персонал Дарен Флечер треба да го преземе тимот како привремено решение додека раководството не назначи нов менаџер.
За време на неговиот мандат на „Олд Трафорд“, Аморим имаше значителна поддршка на пазарот, а во клубот, меѓу другите, пристигнаа:
Брајан Мбеумо (71 милион евра)
Бенјамин Шешко (74 милиони евра)
Матеус Куња (62,5 милиони евра)
И покрај големите инвестиции, очекуваниот резултат не беше постигнат.










