Досегашниот играч на тимот на Силекс, босанкиот интернационалец Алдин Хрвановиќ си замина од Кратово и го засили тимот на Радник Бјелина. Напаѓачот во изминатата полусезона постигна три гола во дресот на Силекс, но ете зимава се реши да го напушти тимот.
Се сели во седмопласираниот тим од шампионатот на Босна, што ќе рече дека во Силекс во овој преоден рок ќе пристигне адекватна замена за него.
Хрванововиќ иако има 27 години во кариерата има сменето доста клубови што во Босна, што во Швајцарија, а ете се испроба на кратко и во Македонија.















