ГРК Охрид му се заблагодари на Орјоникидзе

153

Еден од најдобрите од минатата сезона, левиот бек, грузиецот Теимураз Орјоникидзе по повредата со која се здоби при репрезентативен настап во месец мај, на жалост не успеа да му се стави на располагање на тренерот Ројевиќ за време на зимскиот припремен период, по што клубот и играчот се договорија спогодбено да го раскинат договорот кој што беше со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

„На нашиот Темо му посакуваме добро здравје и побрзо да се врати на ракометните терени“, порачаа од ГРК Охрид. 

ПретходноКапело: Судиите се мафија, поранешни играчи мора да се во ВАР собата
СледноПремија од два милиони денари за секоја победа на ракометарите на ЕП