Лејкерси беа на -16 а потоа на сцена стапија Дончиќ и Леброн! (ВИДЕО)

512
Фото: ЛА Лејкерс/Фејсбук

Супер интересен меч во ЛА а на крајот победа за Лејкерси. Иако губеа во полемиот дел од натпреварот против Мемфис, но со добра игра во второто полувреме сепак успеаја да дојдат до пресврт и победа 120:114
Кога не знаете што да правите, а Лука Дончиќ не е во игра, му ја давате топката на Леброн. Тоа беше мислата што ги водеше Лос Анџелес Лејкерс во моменти кога изгледаше дека тонат против Мемфис Гризлис. Во првото полувреме, Лејкерс изгледаа збунето, особено во одбраната, дозволувајќи им на Гризлис лесно да постигнуваат поени во рекетот, да имаат скокови и да градат предност. Се додека Леброн не влезе на сцената и не го создаде пресвртот на тимот од Лос Анџелес во играта, а Дончиќ не стави крај на тоа со две последователни тројки – 120:114. Немаше никаква навестување дека можеме да гледаме трилер во Калифорнија. Гостите рутински го контролираа натпреварот, во еден момент имаа плус 16 (65:49) и се чинеше дека рутински одат кон победа. Во четвртата четвртина, двајцата најдобри играчи на Лејкерси веројатно им рекоа на своите соиграчи: „Држете се подалеку, ќе го завршиме ова“, и така беше. Кога Лука погоди шут од половина дистанца, тимот на Џеј Џеј Редик поведе (100:99), резултатската клацкалка траеше до финишот, кога сè беше решено. Поените на Леброн покрај обрачот и двете последователни тројки на Дончиќ ја ставија играта надвор од дофат на Мемфис, кој ја плати цената за катастрофални шутеви однадвор и лоши офанзивни одлуки, и имаше шанса да излезе како победник.

Лука заврши со 36 поени, 9 скокови и 8 асистенции, а Леброн со 26 поени,7 скокови и 10 асистенции.

На останатите мечеи се постигнаа следните резултати:

Кливленд – Детроит 110:114
Орландо – Индијана 135:127
Бруклин – Денвер 127:115
Мајами – Њу Орлеанс 125:106
Вашингтон – Минесота 115:141
Феникс – Оклахома 108:105
Сакраменто – Милвоки 98:115

ПретходноФјури се враќа во рингот: Нема ништо подобро од тоа да удираш луѓе и да ти плаќаат за тоа!
СледноИ Пеп се изјасни за повредата на Гвардиол: “Не изгледа добро…“!