Митревски: Данска е број еден фаворит на ЕП, Португалија е квалитетна, Романија ја почитуваме

509

Никола Митревски ќе биде еден од лидерите на нашата ракометна репрезентација, на теренот, но и надвор од него. Негово искуство и тоа како ќе биде значајно и на ова Европско првенство.
Тој е задоволен од она што го сработија, турнирот во Швајцарија ќе биде последен тест пред шампионатот.

„Завршивме со таа прва фаза од подготовките, мислам дека добро се работеше и се тренираше во вистински интензитет. Во Скопје продолживме онаму каде што застанавме во Пореч, имаме уште неколку дена до следниот турнир во Швајцарија, сега работиме повеќе на деталите и да бидеме многу поподготвени за средбите што се пред нас, како финални подготовки за ЕП“, ни изјави Митревски.

Искусниот репрезентативен голман ја анализира и групата. Македонија ќе игра против Данска, Португалија и Романија.

„Данска е број 1 фаворит на ова ЕП, иако ние ја победивме пред неколку години додека беше актуелен светски првак, сепак мислам дека се надмоќни во однос на сите други селекции. Португалија е исто така репрезентација што играше полуфинале на последното СП, има многу квалитетни играчи кои напредуваат од година во година, но Португалците даваат можност да се надигруваш со нив и да се надеваш на позитивен резултат. Со Романија имавме неколку натпревари во последните години, секако ги почитуваме, така што ќе оставиме времето да покаже како ќе заврши тоа натпреварување. Наше е да се подготвиме најдобро што можеме, да го исполниме она што ќе го побара стручниот штаб и да го дадеме максимумот на натпреварите“, истакнува Митревски.

ПретходноТренерката на Мадуро е идентична како онаа на еден клуб од Ла Лига! Веднаш е распродадена…(ВИДЕО)
СледноАрсенал не се шегува: На адресата на Реал испратена е понуда од 60 милиони евра!