Ракометар кој од следната сезона ќе игра во Вардар се повреди – нема да игра на ЕП!

1720
Фото: https://hrs.hr/

Хрватската ракометна репрезентација останува без уште еден играч пред стартот на Европското првенство. Станува збор за ракометар кој е најавен како нов член на Вардар 1961 за следната сезонаа.

По падот на тренинг, Леон Љевар сериозно го повреди коленото и нема да биде во составот за Европското првенство. Тој ќе има операција на медијалниот лигамент на коленото во среда, а според прогнозите на лекарите, ќе му требаат најмалку три недели за да се врати на теренот.

Хрватска на ЕП ќе игра во група во Малме, заедно со репрезентациите на Шведска, Холандија и Грузија.

ПретходноШкендија и Струга ТЛ ги „запалија моторите“, главната база ќе биде Анталија
СледноСалах и Египет низ продолженија до четвртфинале