Тренерката на Мадуро е идентична како онаа на еден клуб од Ла Лига! Веднаш е распродадена…(ВИДЕО)

247
ФОТО: X

Познато е што во изминатите денови се случуваше со претседателот на Венецуела, Никлас Мадуро. Сепак една работа треба да се издвои од фудбалски аспект. А тоа е тренерката НАЈК која ја носеше Мадуро кога беше пренесен во САД од страна на специјалните сили на најмоќната земја во светот по наредба на претседателот Доналд Трамп. Токму таа привлече огромно внимание од јавноста откако корисниците на социјалните мрежи забележаа дека изгледа речиси идентично со спортската облека на шпанскиот клуб Мајорка.
Мадуро се појави во јавноста во сива тренерка со црни детали, што веднаш ги потсети навивачите на опремата, односно тренерката на Мајорка. Разликата е во тоа што верзијата на Мајорка го има грбот на клубот извезен на градите, додека остатокот од дизајнот е практично идентичен со оној што го носеше венецуелскиот претседател. Станува збор за тренерка на Најк направена од рециклирани материјали. Горниот дел се продава за 99,99 евра, додека долниот чини 55,99 евра, што вкупно изнесува 155,98 евра за комплетот.
Поради огромното медиумско внимание и виралноста на фотографиите, тренерката се распродаде на официјалната веб-страница на Најк за само неколку часа. Социјалните медиуми беа преплавени со шеги и коментари за необичната врска меѓу Мадуро и фудбалерите на Мајорка.

Од видеото подолу убаво се гледа какви тренерки носат фудбалерите на Мајорка.

ПретходноЧелзи со нов тренер веќе во среда на гостувањето кај Фулам?!
СледноМитревски: Данска е број еден фаворит на ЕП, Португалија е квалитетна, Романија ја почитуваме