Ракометната Федерација на Македонија и Триглав Осигурување Живот АД Скопје започнуваат партнерска соработка. Триглав Осигурување Живот АД Скопје е официјален партнер на македонскиот ракомет. Оваа соработка претставува значаен чекор во насока на унапредување и поддршка на ракометот во Македонија, со посебен фокус на стабилноста, сигурноста и долгорочниот развој на спортот и спортистите.

Ракометна Федерација на Македонија преку ова партнерство добива силна и доверлива поддршка од компанија која ја препознава важноста на вложувањето во спортот, младите генерации и националните вредности.
Триглав Осигурување Живот АД Скопје, како дел од реномирана осигурителна група, со своето искуство и визија придонесува кон создавање посигурна иднина – како во животот, така и во спортот. “Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за укажаната доверба и верува дека ова партнерство ќе донесе позитивни резултати и успешни заеднички приказни во периодот што следува”, велат од РФМ.

Генералната директорка на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, г-ѓа Христина Џамбазовска Анастасов, исти така го изрази своето задоволство што ќе бидат дел од една успешна приказна.

“Имам огромна чест и задоволство денеска да го промовирам новото партнерство меѓу Триглав Осигурување Живот и Ракометната федерација на Македонија. Драго ми е што со претседателот Александар Стефанов имаме иста визија, но и амбиции. Само неколку дена пред почетокот на Европското првенство, со особена гордост започнуваме соработка со најуспешната спортска федерација во нашата држава и со репрезентацијата која со години е симбол на македонскиот спорт и повод за нацонална гордост. Да се биде во друштво со најдобрите е задоволство за секој бренд и компанија, но ова партнерство е повеќе од тоа. Ова е приказна во која Триглав Осигурување Живот станува партнер на „најдоброто од Македонија“. Денеска и ние стануваме дел од оваа спортска приказна, која со години не прави горди и поттикнува бура од емоции кај целата македонска јавност, како во земјата, така и ширум дијаспората. Во Триглав Осигурување Живот, како компанија која се грижи за сигурноста и иднината на граѓаните, веруваме дека спортот има клучна улога во градењето здрави навики и позитивни модели. Затоа, нашата поддршка преку ова партнерство е насочена кон создавање стабилна основа за развој, континуитет и одржлив успех на македонскиот ракомет. Веруваме во заеднички успеси, многу радости и долгорочна и успешна соработка. На македонските ракометни борци и на иконата во светскиот ракомет, селекторот Кирил Лазаров, им посакувам многу успех, среќа и одлични резултати на претстојното Европско првентство, кои повторно ќе не направат горди. А, ние од срце ќе навиваме за Македонија. Ви благодарам”, изјави на прес-конференцијата Генералната директорка на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, г-ѓа Христина Џамбазовска Атанасов.











