Челзи со нов тренер веќе во среда на гостувањето кај Фулам?!

377
ФОТО: Racing Club de Strasbourg Alsace/FB

Иако имаше неколку шпекулации, сепак сега веќе се е јасно. Челзи добива нов тренер и тоа во името на Лиам Росениор, кој досега беше на клупата на Стразбург. Речиси се е готово, останува само уште да се допрецизираат некои детали и “сините“ да го промовираат наследникот на Енцо Мареска. Тоа може да се случи набрзо, можеби уште денеска.

Се оди до таму па се смета дека Росениор би можел уште во среда да го има своето деби на клупата на некогашниот двоен европски и актуелен светски првак, и тоа на гости кај Фулам.

Од друга страна и Стразбур е во потрага по нов стратег кој ќе го наследи Росениор на клупата на овој тим од Лига 1.

Инаку вчера во дербито во Премиерлигата, Челзи го водеше Калум МекФерлајн, тренер од младинската школа на клубот. Да потсетиме дека со голот на Енцо Фернандез во судиското продолжение Челзи успеа да дојде до бод на тешкото гостување кај Манчестер Сити.

ПретходноНовак донесе одлука со која ги шокираше сите!
СледноТренерката на Мадуро е идентична како онаа на еден клуб од Ла Лига! Веднаш е распродадена…(ВИДЕО)