Ѓоковиќ го откажа турнирот во Австралија: Разочаран сум!

930
Фото: УС Опен/Твитер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на турнирот во Аделаида следната недела. Иако беше најавен, Новак објави дека не е физички подготвен за натпреварувањето од серијата АТП 250.

„Лично, јас сум многу разочаран бидејќи имам прекрасни спомени од освојувањето на титулата пред две години. Бев навистина возбуден што се вратив бидејќи се чувствувам како да играм тука дома“, напиша Новак, додавајќи:

„Фокусот сега е на подготовките за Отвореното првенство на Австралија и со нетрпение очекувам наскоро да дојдам во Мелбурн, каде што ќе ги видам сите љубители на тенисот во Австралија.“

Еден ден претходно, Новак објави и дека ја напушта Асоцијацијата на професионални тенисери (PTPA).

Отвореното првенство на Австралија е закажано од 18 јануари до 1 февруари.

Ѓоковиќ ја освои титулата во Мелбурн рекордни 10 пати, а во последните две изданија стигна до полуфиналето.

ПретходноФерари веќе има подготвено замена за Луис Хамилтон
СледноСветски шампион и олимпијец пронајден мртов