Гркот од Струга ТЛ има добра понуда од Албанија

866
Фото: Струга Трим Лум

Искусниот стопер Кириакос Мазолуханис би можел за направи трансфер во Албанија и со тоа да им ги расипе сметките во Струга Трим Лум. Тимот кој има само еден бод негатива зад Вардар во битката за ситулата се надеваше дека најголемото зимско засилување за тренерот Шкемби би било тоа што никој од главните фудбалери не би заминал од екипата.

Како што дознаваме понудата за Мазолуханис е многу подобра на основа на плата од онаа што веќе ја има во Струга Трим Лум. Гркот пред 6 месеци ја засили екипата покрај езерото и одигра одлични 13 натпревари со што стана главниот столб во одбраната на „црвените“.

Официјално од Струга Трим Лум зимава си заминува само „младинецот“, Шабан Зенку.

ПретходноШкендија се засилува со „џиновски“ стопер
СледноЏонов: Противниците се екстра квалитетни, ќе се обидеме да бидеме најдобрата верзија од себе