ГРК Охрид се засилува со голманот на хрватската селекција!

527
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Ново и екстра засилување добива амбициозниот тим на ГРК Охрид. Голманот на хрватската ракометна селекција Дино Славиќ ќе застане на голот на охриѓани по завршување на оваа сезона. Како што се најавува, преговорите се во завршна фаза, останува само некои детали да се допрецизираат. Инаку Славиќ настапи на пријателската средба со Македонија пред неколку дена на која ги искажа сите свои квалитети.

Славиќ во моментов е член на Лимож, а досега во својата кариера има брането и за екипите на Ријека, Адемар Леон, Загреб, има настапувано и во ракометната Лига на Шампионите.

Се чини дека и дефинитивно охриѓани не се шеуваат, во следната сезона ќе имаат уште посилен состав.

ПретходноВест Хем се пофали со Валентин Кастељанос
СледноМбапе дефинтивно не патува за Џеда