ГРК Охрид ќе ја „билда“ формата во Србија

198
фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid (FB)

ГРК Охрид ја најава својата агенда во рамките на подготовките за продолжение на сезоната. Тимот се собира на 9. јануари, дел од тренинзите ќе ги одбработи во Србија.

Од 9-16 јануари охриѓани ќе бидат во Врбас каде што ќе одигра и еден пријателски натпревар на (13.01.) со екипата на Врбас. На 17 и 18.01 екипата ќе биде дел од 5-тото издание на Турнирот “Вук Рогановиќ” во Белград, каде што игра полуфинале со екипата на РК Динамо Панчево (Србија), а другиот ден се играат натпреварите за место. Останати учесници на Турнирот се екипите на РК Партизан (Србија) и РК Тримо Требње (Словенија).

На екипата на ГРК Охрид во овие припреми ќе и недостасуваат Дарко Ѓукиќ и Анте Иванковиќ кои ќе бидат дел од Европското првенство и настапуваат за Србија.

ПретходноОткриена е огромната сума што Јунајтед ја плати за да го доведе и отпушти Аморим
СледноЧелзи подготвува вртоглава понуда за Винисиус