Еден од ривалите на нашата ракометна репрезентација на претстојното европско пренство, селекцијата на Романија, вечерва го загуби првиот пријателски натпревар пред Европското првенство и тоа на гостувањето во Трст против селекцијата на Италија, со резултат 35-34.
Италија го започна натпреварот многу подобро и водеше на почетокот. Домаќините постепено се одлепуваа и дури поведоа со 5 гола предност пред романската репрезентација, која, сепак, се врати во игра по паузата.
20-17 беше резултатот во првите 30 минути, а во вториот дел Романија успеа да се врати во натпреварот и да изврши притисок врз противникот, но на крајот не успеа да остане непоразена.
Македонија на ЕП во Данска, против Романците ќе го одигра мечот од 3. коло на 20 јануари.










