Едиз Спахиу ја продолжи верноста со најтрофејниот клуб уште две години, неговиот договор е до јуни 2028 година.
Минатата година во зимскиот преоден рок прејде од екипата на Тиквеш, со која го освои трофејот Куп на Македонија една година претходно, за да минатата година со екипата на Вардар повторно го подигне победничкиот пехар на Купот на Македонија.
Се работи за изворедно брз, експлозивен, интелегентен играч од нападот, од кого црвено-црните очекуваат уште многу погодоци во противничките мрежи.
Претходно Вардар ја продолжи соработката со Мато, Михаил Маневски, Димитар Тодоровски и Диего Кастањеда.
Стартот на подготовките е закажан за 8 јануари.















