Големо, екстра засилување на голманската позиција во составот на Струга ТЛ. Имено предмалку стружани го промовираа Васко Василев (21), досегашниот голман на Работнички и еден од нашите најдобри млади чувари на мрежата пред кого е голема кариера.
Василев со Струга ТЛ потпиша на 2,5 години и секако дека и тоа како ќе му биде конкуренција на досега првиот голман Италијанецот Анџелети. Веројатно сега стратегот Бледи Шкемби ќе го има најдобриот тандем голмани во ПМФЛ.
Инаку Василев е и стандарден репрезентативец на Македонија до 21 година, пред Работнички бранеше и за Гостивар.
Ова значи дека Струга ТЛ и тоа како со стил го “отвори“зимскиот преоден рок.
Овој трансфер ќе биде еден од најзвучните во текот на јануарскиот преоден рок во ПМФЛ.















