Златан Ибрахимовиќ пораснал во проблематичната област Розенгорд, се борел со неправда, понекогаш бил премногу агресивен. Не му било лесно да ги контролира своите емоции. Пораснал во стан со својот татко Шефик. Неговата мајка Јурка Гавриќ живеела во својот дом недалеку од нив, биле блиски. Но, растењето не било лесно, особено кога станувало збор за храна.
„Млеко, леб и болоњезе, тие три работи беа во мојот фрижидер. Живеев со татко ми, тој не ми готвеше секој ден. Ми правеше болоњезе за седум дена, ме научи како да правам тестенини и да го загревам сосот. Беше во ред за мене, имав леб, млеко и нешто за јадење. Денес им кажувам на моите деца дека ако можев да успеам во животот со тие три работи, и тие можат“, рече Ибрахимовиќ во емисијата на Славен Билиќ (Неуспехот на шампионот).
Златан објасни дека неговиот татко, Шефик, бил градежен работник, поправал работи, а исто така и пеел. Неговата мајка беше чистачка и правеше сè што можеше за да ги нахрани децата.
Златан, исто така, раскажа приказна за тоа кога неговата мајка го избркала од дома затоа што јадел премногу.
„Откако дојдов во куќата на мајка ми, јадев повеќе кај неа. Татко ми не готвеше храна, мајка ми правеше повеќе. Отидов да јадам, таа ме избрка, затоа што рече дека јадам за двајца или тројца. Играв фудбал, бев поактивен, јадев повеќе, кога имаше повеќе, таа ме избрка. Живееја на пет минути разлика“, објасни Ибра.










