Италијанска бламажа: На меч од ЛШ дојдоа со пет кошаркари и не одигра ни една четвртина! (ВИДЕО)

1181

Кошаркарите на италијански Трапани доживеаја еден од најнеобичните и најтажните порази во историјата на ФИБА Лигата на шампиони, откако беа принудени да го завршат плеј-ин натпреварот против израелски Хапоел Холон веќе во првата четвртина.

Италијанскиот клуб влезе во натпреварот со само пет достапни играчи, вклучувајќи двајца играчи кои за прв пат се појавуваа во професионалната кошарка, а во поставата беа Алесандро Капелети, Франческо Мартинели, Рикардо Росато, Фабрицио Пуљати и Луиџи Пати. Луиџи Пати (2007) и Франческо Мартинели (2008) дебитираа на сениорско ниво токму во толку тешки околности.

Проблемите ескалираа многу брзо. По само пет минути игра, Росато, Капелети и Пуљати го напуштија теренот, оставајќи го Трапани само со двајца играчи. Ситуацијата стана неодржлива кога Пати ја направи својата петта лична грешка, па при резултат 38:5, на 3:06 минути до крајот на првата четвртина, играта беше прекината. Хапоел Холон официјално забележа победа.

Проблемите за Трапани не се од сега. Нивниот натпревар од италијанското првенство против Виртус Болоња претходно овој викенд исто така беше откажан, а натпреварот беше регистриран со официјален резултат од 20-0 во корист на Виртус. Пол Ебуа и Мет Харт веќе го напуштија клубот поради финансиски проблеми, а претходно Џордан Форд и Тими Ален како и босанскиот репрезентативец Амар Алибеговиќ.

Целата ситуација укажува на сериозни проблеми надвор од теренот. Иако Трапани имаше силен почеток во Серија А и избори пласман во Лигата на шампионите, клубот беше погоден од казни за неплатени даноци и можни неправилности во регистрацијата на играчи. Сопственикот на клубот, Валерио Антонини, јавно призна дека проектот повеќе не е финансиски одржлив без дополнителни спонзори.

ПретходноЕден од нашите ривали загуби на првиот тест: Романците поразени од Италија
СледноНорвежанецот се враќа: Солскјер е прв кандидат за привремен менаџер на Манчестер Ј.