По викенд поразот од Ренџерс во големото шкотско дерби, тимот на Селтик го отпушти досегашниот менаџер Вилфред Ненс. Како замена за него пристигнува добро познато лице во клубот, а тоа е легендата Мартин О’Нил.
Ненси беше само на осум натпревари менаџер, а загуби шест од нив. Пред Ненси да биде назначен пред нешто повеќе од еден месец, искусниот О’Нил беше и привремен менаџер и ги водеше „Детелинките“ на осум натпревари, и победи на седум.
О’Нил е силно поврзан со клубот, и едноставно секогаш е тука кога му е потребен на Селтик.










