И дефинитивно е јасно дека Баерн Минхен колку и да се труди, колку и да е најмоќниот финансиски клуб во Германија, сепак нема шанси да држи со чекор со клубовите од Премиерлигата. Токму затоа еден од најважните луѓе во раководството на баварците, Карл – Хајнц Румениге смета дека во иднина треба да се направи рез во клупскиот буџет:
„Не можеме да се справиме со постојано зголемување на договорите и надоместоците. Тоа е лекомислен начин на работа. Не треба да ги имитираме Англичаните. Нивните клубови се во сопственост на милијардери, дури и на некои земји, како што се Саудиска Арабија или Катар. Трката со нив нема никаква смисла. Трошиме за плати и засилувања, мора да ги намалиме од 70% на 55% од вкупниот буџет. И ова не важи само за Баерн. Секој што сака нормално да функционира мора да седне на иста маса и да води сериозна дискусија за иднината на фудбалот.“ посочи легендата на германскиот и светски фудбал, Румениге.










