„Пустинските лисици“ со гол во 119-та минута до четвртфинале на КАН

119
фото: TotalEnergies AFCON 2025 (X)

Фудбалската репрезентација на Алжир обезбеди пласман во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации со победа над ДР Конго по продолженијата со минимални 1:0. Алжир ја имаше иницијативата, со неколку можни шанси во регуларниот тек на натпреварот, но не можеше да постигне гол. Фарес Шаиби пропушти одлична можност со глава во 53-тата минута, додека Ријад Марез шутираше над голот од слободен удар во 69-тата минута.

И кога се чинеше дека ќе гледаме пенали, Адил Булбина, кого Владимир Петковиќ го внесе во игра само шест минути претходно, постигна феноменален гол во 119-та минута за голема победа на Алжир од 1:0.

„Пустинските лисици“ ќе играат против Нигерија во четвртфиналето на 10 јануари во Маракеш.

ПретходноШтип УГД со пораз во Милано ги заврши европските настапи
СледноРајковиќ и Тофаш еден чекор поблиску до групите во ФИБА ЛШ