Словенците во еуфорија: ДОМЕНАТОРОТ Превц испиша историја и го освои “Златниот орел“!

866
ФОТО: FIS Ski Jumping/FB

Едноставно најдобар. Домен Превц или ДОМЕНАТОРОТ Превц, словенечкиот ски – скокач е победник на Новогодинешната турнеја “Четири скокалници“ и со тоа го освои “Златниот орел“. Со ова Домен го повтори успехот на својот брат Петер Превц од 2015/2016. Со ова Домен испиша историја. Имено ова се случува за првпат во ова натпреварување, двајца браќа да победат на оваа новогодинешната турнеја. Претходно од Словенците му успеа тоа и на Примож Петерка во 1996/97.

Превц денеска на скокалницата во Бишофсхофен го освои “само“ вторто место, исто како и пред два дена во Инсбрук, но затоа успеа да триумфира во Оберсдорф и во Гармиш – Партенкирхен.

Победник денеска во Бишофсховен беше домашниот скокач Даниел Чофениг, додека трет заврши Рују Кобајаши.

Во генералниот пласман на “Четирите скокалници“ Превц заврши со 41 бод повеќе од Јан Херл.

ПретходноСер Ретклиф на клупата на Јунајтед сака да види само еден човек!
СледноГотово е: Семењо во четврток на лекарски во Манчестер, трансферот изнесува 65 милиони фунти плус бонуси!