Ц. Звезда и Партизан повторно загубија, Реал со пресврт победа против Лион

489

Кошаркарите на Партизан повторно убедливо загубија против екипата на Монако со 101:84 во вечерашниот натпревар од Евролигата. Српскиот тим во моментов е на последното место на табелата со само 6 победи и дури 14 порази. Кај домашниот тим најефикасни беа Диало и Миротиќ со 14 и 13 поени, додека пак кај Партизан се истакна Браун со 19 поени.

И вториот српски претставник во Евролигата доживеа нов пораз, откако Валенсија на гостински терен ја совлада Црвена Звезда со 89:106. Кошаркарите на шпанската екипа имаа убедлива предност уште на полувреме, а во вториот дел Звезда немаше сили целосно да се врати во натпреварот и да ја направи завршницата поинтересна. Монтеро беше најефикасен во дресот на Валенсија со 25 поени, а кај домашните Нвора и Батлер постигнаа 22, односно 16 поени.

Реал Мадрид оствари тешка победа на гостински терен со 69:80 против екипата на Лион. „Кралскиот клуб“ имаше негатива во текот на целиот меч, но во последната четвртина тимот предводен од Скариоло одигра фантастично и успеа да стигне до пресврт-победа. Во моментов Реал се наоѓа на 7-мото место на табелата, додека пак Лион е претпоследен.

Во останатите натпревари кои се одиграа вечерва Фенербахче на домашен терен ја порази екипата на Олимпијакос со 88:80, Хапоел убедливо победи против Дубаи со 85:60, а Панатинаикос загуби од Милано со 74:87.

ПретходноЅвездата на Манчестер Ј. го однесе Брегот на Слоновата Коска во четвртфиналето на КАН
СледноОд Баерн Минхен со порака: “Мораме да го намалиме буџетот за плати“!