Шкендија се засилува со „џиновски“ стопер

2042
Фото: ФК Жалгирис

Лука Думанчиќ е пред промоција во тетовска Шкендија. „СпортСпорт“ дознава дека искусниот стопер од Хрватска е замената за Клисман Цаке кој заминува во рускиот тиом Акхмат Грозни и за кој „црвено-црните“ ќе заработат 400.000 евра.

Новиот фудбалер во одбраната на Шкендија доаѓа како слободен играч откако му завршија обврските кон литванскиот тим Жалгирис. Думанчиќ е стопер кој игра со левата нога и гој има „џиновска“ висина од 1,94 сантиметри. Тој е роден во Сплит и на млади години (18 години) како голем талент на Хајдук заминува во Лече. Но, во „калчото“ не успева, по две години минати на отстапници во Јуве Стабиа и Гозано има нов обид со Лукезе, а потоа се враќа во Хрватска и игра за екипите на Интер, Рудеш, Солин па преку Нафта од Словенија прави трансфер во Жалгирис.

Фото: ФК Лече

Думанчиќ има 27 години и има настапи за селекцијата на Хрватска до 19 години. Познавачите на трансфер пазарот коментираат дека тој е идеално решение за Шкендија во овој период, но и фудбалер кој треба да биде големо засилување.

Зимава во Шкендија пристигнаа косоварот Дрилон Ислами од Клуж, шпицот Ндзенгуе од Брера а заминаа Цаке во Русија, Решат Рамадани кому му истече позајмицата од Динамо Киев, а пред трансфер се наоѓа и крилниот напаѓач Тамба.

ПретходноЕдиз Спахиу уште две години во Вардар
СледноГркот од Струга ТЛ има добра понуда од Албанија