Одбојкарите на Штип УГД ги завршија европските настапи за оваа сезона. Вечерва на реваншот од 1/16-финалето во Челинџ Купот, штипјани беа поразени со 3:0 на гостувањето во Милано против екипата на Алијанц со што и официјално се простја од европската сцена.
Милано и пред мечот беше изразит фаворит, откако на првиот дуел во Радовиш славеше исто така со максимален резултат. Штип УГД одлично се држеше во сите три сета, но не успеа да извлече подобар резултат. Нашиот претставник вечерва беше предводен од помошниот тренер Санев, додека Ристевски поради здравствени проблеми не отпатува со екипата во Италија.
Засмард со 13 поени беше најефикасен кај нашиот претставник, 6 поени имаше Илиев, а 5 Алексов. Кај Милано 13 поени останаа зад името на Ичино.










