Ѕвездата на Манчестер Ј. го однесе Брегот на Слоновата Коска во четвртфиналето на КАН

1150

Репрезентативците на Брегот на Слоновата Коска ја совладаа екипата на Буркина Фасо со 3:0 и го продолжија походот кон одбрана на титулата на Купот на Африкански Нации.

Младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Амад Диало, го отвори резултатот во 20-тата минута, а Диоманде на асистенција на Диало го зголеми водството во 32-та минута. Точка на резултатот стави Туре во 87-та минута.

Во четвртфиналето Брегот на Слоновата Коска ќе ги одмери силите против репрезентацијата на Алжир која во вториот натпревар оваа вечер ја совлада екипата на ДР Конго.

ПретходноНовак го замоли Јамал за заедничко фото: “Мојот син многу те сака…“(ВИДЕО)
СледноЦ. Звезда и Партизан повторно загубија, Реал со пресврт победа против Лион