ГРК Охрид ја најава својата агенда во рамките на подготовките за продолжение на сезоната. Тимот се собира на 9. јануари, дел од тренинзите ќе ги одбработи во Србија.
Од 9-16 јануари охриѓани ќе бидат во Врбас каде што ќе одигра и еден пријателски натпревар на (13.01.) со екипата на Врбас. На 17 и 18.01 екипата ќе биде дел од 5-тото издание на Турнирот “Вук Рогановиќ” во Белград, каде што игра полуфинале со екипата на РК Динамо Панчево (Србија), а другиот ден се играат натпреварите за место. Останати учесници на Турнирот се екипите на РК Партизан (Србија) и РК Тримо Требње (Словенија).
На екипата на ГРК Охрид во овие припреми ќе и недостасуваат Дарко Ѓукиќ и Анте Иванковиќ кои ќе бидат дел од Европското првенство и настапуваат за Србија.










